Одбраната бара ново психијатриско вештачење за убиството во Ѓорче Петров | Правдико

Правдико

   

Одбраната бара ново психијатриско вештачење за убиството во Ѓорче Петров

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во напрегната атмосфера, вчера, во скопскиот кривичен суд се одржа шестото рочиште од процесот што се води против Насер Ештрефи, кој е обвинет за убиство на матурантот од Ѓорче Петров, Ангел Петковски. Адвокатот на обвинетиот бара ново психијатриско вештачење. Тој тврди дека Ештрефи бил удрен неколку пати со дрвен стап и дека бил загрозен неговиот живот, односно дека убиството го сторил во самоодбрана.

88F49E9447B46E4CBF17B35106C13FAB

На предлогот за ново вештачење реагираа Јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, како и адвокатот на семејството Петковски, Звонко Давидовиќ. За Давидовиќ е неприфатлив предлогот на изработка на ново психијатриско вештачење, бидејќи вештаците веќе дале свое мислење.

„Одбраната има теорија дека бил загрозен животот на обвинетиот. Факт е дека Ангел немал ништо во рацете, а обвинетиот го прободел со нож. Од снимките видовме дека целиот настан трае 25 секунди и невозможно е да има борба со толку удари за толку кратко време“, рече адвокатот.

Обвинителот Јакимовски, освен што се противи на предлогот за ново вештачење, од адвокатот на Ештрефи побара да му биде дадена и содржината на барањето за новото вештачење, а побара и појаснување околу предлозите за повикување на сведоци.

Судењето продолжи со изведување на писмени докази, а како доказ беше покажан и стапот кој бил користен во тепачката крај пешачкиот мост на Вардар, во скопската населба Ѓорче Петров.

На 19 мај, минатата година, младиот Ангел Петковски беше убиен со два убода од нож недалеку од неговата куќа. На убиството му претходела кражба на велосипед од дворот на семејството Петковски. Ештрефи ја призна кражбата на велосипедот, но негира дека го убил Ангел.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико