Одбраната ќе бара условен отпуст за Кежаровски | Правдико

Правдико

   

Одбраната ќе бара условен отпуст за Кежаровски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Педесетина осуденици минатата година добиле условен отпуст, односно од затвор излегле пред во целост да ја одлежат казната која ја добиле од надлежниот суд.

Оваа законска можност, по примерот на Вранишковски, ќе ја искористи и адвокатот Филип Медарски кој истакна дека условен отпуст ќе побара и за новинарот Томислав Кежаровски, кој во петокот вечерта експресно беше спроведен на издржување на преостанатата казна во затворот „Скопје“. Во случајот со новинарот Кежаровски, тој има одлежано над 90 проценти од изречената казна, односно му останаа уште три месеци од предвидените две години.

Во меѓувреме, во пресрет на утрешните протести организирани од иницијативниот одбор за слобода на Кежаровски, Новинарскиот синдикат и ЗНМ, продолжува да стига поддршка од различни организации. Последни во низата се невладините Ленка и Солидарност, а поддршка стигна и од новинари од повеќе европски земји.

Фото: Новатв

Извор: 24 Вести

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико