Одбраната на Панчевски тврди дека тужбата е мобинг врз него | Правдико

Правдико

   

Одбраната на Панчевски тврди дека тужбата е мобинг врз него

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повторно се одложи судењето за тужбата за мобинг поднесена од Горан Стаменковски, вработен во Одделението за човечки ресурси на Кривичниот суд, против екс претседателот, Владимир Панчевски.

Одбараната на Панчевски пред некој ден го доставила одговорот на тужбата, а тужителот ја прими денеска на рочиште, поради што побараа одложување за да го разгледаат одговорот.

Во изјава за новинарите адвокатот на Стаменковски, Душко Јанковиќ истакна дека ова претставува уште еден обид на тужениот да ја одолговлекува постапката. Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ пак рече дека и покрај постапката за мобинг Стаменковски е повторно казнет со суспензија, што според нив претставува притисок.

Адвокатот на Панчевски, Митко Солаков рече дека тужбата е безпредметна и нема никакви правни основи за мобинг.

Според него, целата постапка претствува мобинг за Панчевски со цел нарушување на неговиот углед како поранешен претседател и претендент за нов мандат како прв човек на Кривичниот суд.

Панчевски не беше присутен на рочиштето, а следното е закажано за 16 март.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико