Одговори од Кривичниот суд во врска со иземените докази | Правдико

Правдико

   

Одговори од Кривичниот суд во врска со иземените докази

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sud-salter-administracija-D[5]Во однос на прашања поврзани со решението за иземање докази од списи на предмети на ОЈО – Скопје, кои вчера беа упатени до Основниот суд Скопје 1 – Скопје од неколку медиуми, а не беа објавени во текот на денот, ги објавуваме во целост.

1. Колку од предметите доставени од ОЈО Скопје биле со НАРЕДБА за спроведување на истрага, а колку во предистражна постапка?

– Овие податоци се содржани во одговорот кој Јавниот обвинител го има доставено до судот во кој наведува дека за конкретните осомничени лица нема примена на посебни истражни мерки – следење на комуникации, како и тоа дека истражната постапка во сите предмети сеуште не е завршена односно обвинителството продолжува со истрага. Дали формално истрагата е отворена или не, не влијае на оценката на законитоста од причини што член 93 од ЗКП е јасен и прецизен бидејќи согласно овој член  прадвидена надлежност на судија на претходна постапка кој одлучува најдоцна до завршување на истарата, а не е предвидено до кога, што значи во секоја фаза од отпочнување со гонење до завршување на истражната постапка,  влегуваат во оваа надлежност на судија на претходна постапка, особено ако се има предвид да во сите фази на кривичната постапка до подигнување на обвинение, овој судија ја цени законитоста на дејствијата.

Воедно посочуваме дека претходната постапка е утврдена со чл. 272 од ЗКП и започнува со предистражна постапка а може да продолжи со истражна постапка како дел од претходната постапка ( чл. 291 од ЗКП) под услови пропишани со закон.

Во оваа насока на спектар на законски овластувања на судија на претходна постапка како основен гарант на заштита на кривичната постапка и човековите права е и член 290 од ЗКП кој предвидува судска контрола на законитоста на кривичната постапка, како и член 21 според кој Судија на претходна постапка е судија кој во текот на претходната постапка одлучува за слободите и правата на обвинетите во случај пропишан со Уставот на Република Макеоднија, со закон и меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот на Р.М., и за други работи определни со овој закон.

Судот постапува исклучиво по барање за издвојување на докази доставено до судија на претходна постапка поднесено од бранител на осомничени лица за кои се води кривична постапка и кои се странки во постапка пред јавен обвинтел кој согласно ЗКП ги води предкривичната и истражната постапка, а чл. 93 од ЗКП ја дава само фазата до кога како крајна фаза одлучува судија на претходна постапка.

2. Дали за било кој од предметите што се предмет на донесеното решение, судија на претходна постапка, до сега (до поднесувањето на предлогот) има преземено било какви процесни дејствија?

– Судот до поднесеното барање од страна на бранителот немал допир со овие предмети и формално законски немал надлежност да одлучува за законитоста се до иницирање на барањето од бранителот на осомничените, кога е оформен предмет од страна на судија на претходна постапка по кој законски бил должен да постапува и одлучува.

Ја информираме јавноста дека Основниот суд Скопје 1 – Скопје останува отворен за комуникација со јавноста и транспарентно, прецизно и навремено ќе одговори на сите медиумски прашања упатени до судот кои се во рамките на јавното информирање за работата на судот, а за кои по наша оценка селективно или воопшто не се објавуваат.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје

Препорачуваме

Партнери на Правдико