Одложен почетокот на судењето во случајот „Пуч“ | Правдико

Правдико

   

Одложен почетокот на судењето во случајот „Пуч“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Почетокот на судењето за случајот „Пуч“, во кој обвинети се поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. е одложен за септември.

court

Дилемата се отвори по потпишувањето на договорот во Пржино според кој треба да се избере специјален јавен обвинител кој ќе треба да ја расчисти аферата со прислушкувањето.

Од адвокатскиот тим на Заев кој е четвртообвинет неофицијално велат дека очекуваат одложување поради постигнатиот политички договор, но и да не се случи тоа, Заев најверојатно нема да се појави во судница.

Таквата одлука доаѓа и по неговата неодамнешна изјава дека не го признава судството во земјава.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико