Одложен почетокот на судењето за „Еразмус“, одбраната побара изземање на судијката
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Одбраната на еден од обвинетите во случајот „Еразмус“ побара изземање на судијката Љубинка Башеска , преседател на судски совет и судијата Ивица Стефановски, член на советот, поради тоа што одлучувале по жалба во претходна постапка.
Како што што истакна адвокатот, Јован Јоанидис, постојат сомневања дека овие судии не можат непристрсно да одлучуваат бидејќи веќе еднаш одбиле жалба на одбраната.
Во изјава надвор од Судот, обвинителката во предметот, Лидија Раичевиќ истакна дека во целост останува на обвинителниот акт и дека ќе понуди цврсти докази. Судењето се одложи на неопределно време, додека в.д. претседателот на Судот, Татјана Михајловска, не одлучи по барањето за изземање.
Во случајот „Еразмус“ се обвинети шест лица, професори и демонстратори од Економскиот факултет во Скопје, меѓу кои поранешниот декан Бобек Шуклев. Обвинетите се товарат за примање поткуп и злоупотребување на службената положба.
Извор: 24Вести