Одложен почетокот на судењето за смртта на родилката во Тетово | Правдико

Правдико

   

Одложен почетокот на судењето за смртта на родилката во Тетово

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ilustracija-sudstvoПо барање на адвокат на одбраната денес во Основниот суд во Тетово беше одложено судењето против гинеколог од клиничката болница кој се сомничи за смртта на родилката Виолета Кировска во август 2015 година

Главниот претрес, судијата Хајрула Идризи го одложи за 7 април.

Во февруари, Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против гинекологот за сторено кривично дело, – Тешки дела против здравјето на луѓето. Го товари за несовесно постапување при пружање лекарска помош, поради што е предизвикана смрт на едно лице.

Во август минатата година, при вршење на царски рез врз пациентка, обвинетото лице не ги превзело сите неопходни превентивни мерки за заштита од настанување на тешки последици, а кои во конкретниот случај биле многу веројатни. Имено, гинекологот по настанато крварење не извршил веднаш медицинска интервенција со која можел да го спречи настанувањето на хеморагичниот шок, туку интервенцијата ја извршил со задоцнување кога веќе било извесно дека здравствената состојба на пациентката е сериозно нарушена. Поради задоцнетото реагирање, пациентката западнала во кома. Во таква состојба била префрлена во Клинички центар во Скопје, каде и починала, беше образложено од Обвинителството.

До обвиненнието доаѓа по по прибирање на сите материјални и вербални докази. Исто така Обвинителството му предложило на судот на обвинетиот да му изрече и споредна казна – Забрана за вршење професија – лекар.

Автор:А.С.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико