Одложен распитот на Заев во ОЈО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поради активности во Собранието и седницата на Комисијата за избори и именувања, распитот на Зоран Заев во Основното јавно обвинителство е одложен.
По извршениот увид во доказите денеска одбраната на Заев требаше да се произнесе за индициите во случајот кој е отворен против лидерот на СДСМ за изборни нерегуларности.
Тој заедно со уште едно лице од партијата и правното лице СДСМ се сомничат за употреба на недозволиви средства во кампањата и лажирање на финансиските извештаи. Засега е непознато за кога е одложен распитот.
Извор: 24Вести