Одложен штрајкот на судската администрација- владата позитивно се изјасни за барањата | Правдико

Правдико

   

Одложен штрајкот на судската администрација- владата позитивно се изјасни за барањата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sud_strajk_0Со оглед на тоа што Владата на РМ позитивно се изјасни по барањето за зголемување на додатоците на плата од 35% за вработените во судовите, Извршниот одбор на Синдикатот на УПОЗ во проширен состав на утрешната седница 28.04.2016 година ќе се изјасни по предлогот, штрајкот закажан за 3-ти мај да се одложи за 10-тина дена со цел да се овозможи Судскиот совет и Минстерството за финансии да го реализираат Заклучокот на Владата.

На денешната средба со Министерот за правда, Валдет Џафери, бевме информирани дека на седницата на Владата на Р. Македонија што се одржа на ден 27. 04. 2016 година се расправало за Информацијата на Министерството за правда за зголемувањето на платите на вработените во судската служба. Министерството за правда , информацијата за зголемување на платите на вработените во судската служба, ја поднесе на барање на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.

Расправајќи за барањето на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА, Владата на Р. Македонија ја прифатила Информацијата и донела заклучок со кој ги задолжила Министерството за финансии и Судскиот буџетски совет на Р. Македонија да го реализираат заклучокот.

За Синдикатот на УПОЗ и ЗСА ова е позитивен исчекор во решавање на барањето за израмнување на додатоците на плата од 35%. Од тие причини за утре е свикан заеднички состанок на Извршниот одбор на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ и на Извршниот одбор на ЗСА , на кој ќе се донесе конечен став во врска со штрајкот  закажан на 03.05. 2016 година,  да се одложи и да се даде рок од десетина дена за Судскиот буџетски совет и Министерството за финансии да го реализираат заклучокот.

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА со цел барањето да се реализира целосно сметаат дека десетина дена се доволни за реализација на истото.

Ваквиот став ќе биде разгледан на утрешната седница и доколку истиот се прифати штрајкот закажан за 03.05.2016 година ќе се одложи а доколку во дополнителниот рок не биде реализирано барањето, штрајкот ќе биде закажан во нов термин за што дополнително ќе бидат известени синдикалните организации од судовите.

Партнери на Правдико