Одложен штрајкот на судската администрација
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Уште неколку дена рок со цел да се произнесе Министерството за финансии по барањето за зголемување на платите на судската администрација. Негативниот одговор би значело активирање на штрајкот од идната недела. Датумот на неговото одржување, дополнително ќе биде определен.
Во Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) се одржа состанок со претседателите на синдикалните организации од судовите на кој беше расправано во врска со најавеното продолжување на штрајкот закажан за 10.05.2016 година.
На состанокот беше презентиран допис доставен до Синдикатот на УПОЗ од Судскиот буџетски совет кој на седница одржана на 06.05.2016 година, го подржал барањето на Синдикатот и донел заклучок да се обрати до Министерството за финансии со цел тоа да постапи согласно препораката на Владата на Р. Македонија и да обезбеди финансиски средства за зголемување на надоместоците и додатоците на вработените во судовите.
На состанокот исто така беше констатирано дека досегашните активности преземени од Министерот за правда и Судскиот буџетски совет како и ставот на Владата на Р. Македонија треба конечно да го решат настанатиот конфликт.
Поради се горе наведеното, Синдикатот на УПОЗ заклучи да даде дополнителен рок со цел да се операционализира одлуката и позитивно да се одговори на барањето на Синдикатот, штрајкот да го одложи за неколку дена.
Доколку Министерството за финансии реши да ја игнорира препораката на Владата на Р. Македонија и ставот на Судскиот буџетски совет, тогаш Синдикатот дополнително ќе го одреди датумот за почеток на штрајкот кој ќе трае до целосно исполнување на барањето.
Ова е конечна одлука на Синдикатот на УПОЗ и повеќе нема простор за дијалог, а на вработените штрајкот ќе им остане како последно средство во синдикалната борба.