Одложена денешната расправа во Врховниот суд за „бомбите“ | Правдико

Правдико

   

Одложена денешната расправа во Врховниот суд за „бомбите“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд  денес го одложи продолжението на Општата седница,на која треба да се разгледуваат двата предлога на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски- „бомбите“ од прислушуваните разговори да не се користат како доказ во кривична постапка,како и Специјалното обвинителство да се прогласи за неовластено да поднесува Барање за заштита на законитост. Од Врховниот суд велат дека седницата дополнително ќе биде закажана,а неофицијалната причина за одлагањето е непотполниот судски состав и  боледувањата.

На  минатонеделната седница, што се оддржа  пред Велигденските празници,а којашто траеше повеќе од три часа, дошло до жолчни расправии меѓу врховните судии.

Извори од Врховен за Макфакс, тврдат дека кај дел од врховните судии се појавила дилема зошто судот треба да одлучи бомбите да не може да бидат користени како докази во постапките, кога Кривичниот суд Скопје 1, а потоа и Апелациониот суд Скопје, ги прогласија за невалидни докази во постапките.

Седницата на Врховен почна  со отфрленото барање за изземање на Вангеловски од Кривичниот совет кој треба да решава за укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан,како и на приговорот на експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, која е отстранета од одлучувањето во Кривичниот совет, бидејќи таа јавно се изјаснила дека СЈО е надлежно за Кочан, а не Јавното обвинителство на Марко Зврлевски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико