Одложена јавната седница за случајот „Шпион“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јавната седница во Апелацискиот суд за случајот „Шпион“ повторно беше одложена бидејќи дел од обвинетите не беа присутни во судницата, а немаше ниту јавен обвинител од Специјалното јавно обвинителство, кое го презеде случајот.
Судијката Љиљана Ивановска-Шопова соопшти дека на 11 мај добиле писмено известување од СЈО дека нема да присуствуваат на денешната јавна седница бидејќи предметот сè уште им е во фаза на проучување.
Судот даде два термини за судење во јуни.
Покрај отсуството на дел од обвинетите и на обвинител, денеска не беше комплетен ниту судот. Од советот од пет судии се појавија само известителот, судијата Зоран Димитриевски, претседателката Шопова и судијката Татјана Дуковска.
Извор: Мета