Одложена процедурата за азил за турските војници во Грција | Правдико

Правдико

   

Одложена процедурата за азил за турските војници во Грција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчката служба за азил ги одложи за неколку недели интервјуата за азил за осумте турски војници што избегаа од Турција и слетаа во Александруполи по воениот удар против турскиот претседател. Денеска, пред службата се појавија првите двајца војници што требаше да имаат интервју и во придружба на адвокат побараа одложување за подобро да ги подготват своите искази за интервјуто за азил. Барањето беше одобрено и војниците следно ќе треба да се појават на интервјуа на 19, 23, 24 и на 25 август.

turski-vojnici-vo-Grcija

Војниците ќе се појават двајца по двајца на секое од интервјуата. Дотогаш остануваат во притвор во Атина, под силно полициско обезбедување.

Штом се завршат интервјуата, секое од нив ќе биде разгледано и по неколку недели се носи одлука дали да им се дозволи азил или не. Доколку нивните барања за азил се одбиени, војниците имаат право на жалба и одат на второстепена комисија, која одново ќе ги разгледува нивните барања. Во случај во меѓувреме да се издаде наредба за нивна екстрадиција, имаат право да се жалат за одлуката на суд.

Војниците и понатаму се бранат дека не знаеле дека се работи за воен удар и само извршувале наредби за пренесување повредени. Како што пренесуваат нивните адвокати, стравуваат и за своите и за животите на своите семејства.

Со одложувањето на процедурата за азил, грчката влада добива повеќе време да ја одложи и екстрадицијата на војниците, за која постојано притискаат турските власти. Процесот за екстрадиција е особено отежнат по постојаните турски изјави и закани за враќање на смртната казна и информациите за изживување врз војниците кои учествувале во воениот удар. Иако грчките власти се изјаснија дека го осудуваат пучот во Турција, сепак, доколку стане јасно дека војнците ги чека смртна казна или тортура кога ќе се вратат Грција, нема да може да ги врати назад.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико