Одложена расправата за „Монструм“, Врховен суд ќе бара докази од СЈО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Расправата за случајот „Монструм“ која денеска на јавна седница ја започна Врховниот суд е одложена за 9-ти јуни. Според присутниот адвокат на одбраната денеска не постоеа законски претпоставки за одржување на јавната расправа од причина што немаше уредна достава за неговиот колега Насер Рауфи кој брани четворица од обвинетите. Покрај остуството на адвокатот, Врховниот суд прифати да ги побара и да ги земе во предвид доказите од Специјалното јавно обвинителство, кое на прес-конференција истакна дека водат предистражна постапка за случајот „Монструм“.
– Моето барање беше да се одложи на подолг период кое беше поддржано и од обвинителството кој се повика до членот 361, а тоа е за судот по службена должност да се обрати до надлежните институции конкретно до СЈО за прибавување на доказите со кои што целата јавност е запознаена – рече адвокатот.
Обвинителката Лилјана Спасовска истакна дека кога за некој предмет ќе се појават нови факти, тогаш судијата известител треба да ги побара тие списи или извештаи.
– Ако поентата и крајната цел на јавното обвинителство и на Врховниот суд е да се добие правилна и законита пресуда во која ќе ја утврдиме вистината и за овој кривично правен настан, што не значи дека нема да биде потврдена пресудата на второстепениот суд против кој се поднесени жалбите, но ние да бидеме сигурни треба да ги имаме сите сознанија кои што и вие како јавност сте запознаени дека постојат за овој случај, без разлика дали тие факти ќе имаат дирктни или индиректни импликации на овој кривично правен настан. Меѓутоа и мене начелото на легалитет и закониото постапување во секој кривен предмет ме обврзува да го барам ова од Врховниот суд, а посебно тоа го обврзува Врховниот суд оти е највисокиот суд – рече Спасовска.
Роднина на обвинетите изјави дека смета дека обвинителството почнува да размислува законски.
– Крајно време беше обвинителство разумно да се произнесе за овој случај бидејќи има нови факти, и мислам дека почнаа да размислуваат законски, а не партиски или емотивно. Јас не сум некој што ги знае законите, но очигледно дека обвинителството побара други факти кои се релевантни и важни што ќе биде крајно за да се произнесе по повод правдата – рече Бедри Ајдари, брат на Фејзи Азири и на други двајца обвинети во „Монструм“.
Оваа седница е закажана по 15 месеци откако одбраната ја обжали пресудата на Кривичниот и Апелациониот суд.
Кривичниот суд во 2014 година ги осуди шестмината обвинети на доживотни казни затвор, а двајца од осудените, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата, сè уште се на Косово и не се екстрадирани.
Една година подоцна Апелациониот суд ја потврди пресудата на Кривичниот суд.
На 12 април 2012 година на Смилковското езеро беа убиени четири момчиња од Радишани и еден рибар од Црешево.
Извор: Нова Македонија