Одложена расправата за пописот | Правдико

Правдико

   

Одложена расправата за пописот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Расправата за пописот, кој е планиран да се спроведе в година, беше одложена на денешната Комисијата за европски прашања поради, како што било наведено, потребата од дополнителни преговори помеѓу пратениците за почеток на дебатата.

Како последица на ова беше одложена и расправата по истиот закон и на Законодавно-правната комисија.

Поради набиената собраниска агенда и одморите, расправата најверојатно ќе биде одложена за крајот на август или почетокот на септември. Очекувањата на пратениците е дека законот за попис ќе биде донесен без посебни задоцнувања и одолжувања. Тие тврдат дека кај сите пратенички групи постои интерес овој закон да биде донесен во најбрз можен рок.

По изгласувањето на законот, ќе почнат технички и технолошки подготовки за пописот, меѓу кои и набавка на 6 илјади компјутери, набавка на апликации и други потребни материјали. Пописот е планиран да чини околу 8 и пол милиони евра за разлика од минатиот пропаднат попис, кој беше проценет на 14 милиони евра. Освен анкетите лице в лице, ќе се користат регистрите на другите институции, а сите податоци, наместо на хартиени обрасци, ќе се внесуваат во компјутер.

Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, најави дека за резултатите од пописот нема да се чека една и пол година како досега, туку дека тие ќе бидат готови за три месеци.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико