Правдико

   

Oдложена расправата за случајот со апсењето на Љубе Бошкоски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рочиштето за случајот „Тортура“ денеска повторно беше одложено поради болест на обвинетиот Филип Атанасов, за кој одбраната достави писмена лекарска потврда.

На рочиштето присуствуваше оштетениот Љубе Бошкоски, првообвинетиот Сашо Мијалков како и обвинетите Новица Станковски, Петар Милошевски и Јован Гоцевски.

Расправата е одложена за 9 јули. Минатото рочиште беше одложено поради болест на обвинетиот Новица Станковски.

Обвинетите во овој случај се гонат од страна на Специјалното јавно обвинителство за извршена тортутра при приведувањето на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико