Правдико

   

Одложена седницата на Апелација за случајот „Шпион“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Седницата на Апелацискиот суд за случајот „Шпион“ денеска повторно е одложена, откако тоа се случи и минатиот месец.

125149

19-те обвинети имаат поднесено жалби на првостепената пресуда според која сите беа осудени на затворски казни.

Првообвинет во судскиот процес е екс разузнавачот, Марјан Ефремов кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што според обвинението прибирал информации за странски тајни служби.

Покрај него, обвинети и осудени се и поранешниот директор на дирекцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, двајца разузнавачи активни во времето на акцијата „Шпион“, како и Марјан Маџовски, поранешен шеф на кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељановски.

Првостепената пресуда е донесена пред 13 месеци, а обвинетите беа осудени на вкупно 73 години затвор.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико