Одложена седницата на Советот на јавни обвинители – се чека да се формира Влада
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По повеќе од еден час чекање да се обезбеди кворум, Советот на јавни обвинители повторно ја одложи седницата поради, како што велат, неусвојување на дневниот ред на кој требаше да се изберат двајца обвинители во Вишото јавно обвинителство во Скопје и еден во Републичкото.
Мнозинството членови смета дека нема услови за одржување седница бидејќи треба да се почека формирање Влада. Гласањето беше пет спрема четири. Во овој период ниту Судскиот совен на јавни обвинители не треба да избира и разрешува судии и јавни обвинители, соопшти претседателот на Советот, Петар Аневски. Според него, настојувањето на Советот по секоја цена да избере обинители го оправда со алармантната состојба во која се наоѓаат обвинителства, а во прв ред е Вишото обвинителство.
Аневски истакнува дека недостигаат јавни обвинители не само во Јавното туку и во Вишото и Републичкото, каде има три празни места.
Прашан кога на дневен ред ќе бидат ставени случаите за „Сопот“ и „Пуч“, претседателот на Советот соопшти дека се чекаат безбедносните сертификати бидејќи во овој момент само двајца ги поседуваат истите. Тој не сакаше да се впушти во оценка за тоа дали обвиненијата за насилствата во Собрание биле преблаги за учество во толпа бидејќи, како што рече, немал увид во предметите, а не сакаше да дава оценка за она што го видел од снимките.
Извор: Макфакс