Одложена средбата меѓу Јанева и Вангеловски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на Врхoвниот суд, Јово Вангеловски денеска има средби со Јавниот обвинител Марко Зврлевски, претседателот на Адвокатската комора Никола Додевски и Специјалната обвинителка Катица Јанева. Вангеловски ги најави овие средби при давањето свечена заклетва на 15 март и изјави дека сите ќе имаат еднаков третман пред Врховниот суд.
Вангеловски изјави дека Јанева ја одложила средбата поради неодложни обврски, а дополнителнот ќе биде закажан термин за нова средба.
Врховниот суд се уште не почнал да го разгледува Барањето за заштита на законитоста на постапката за спогодбата на осудениот разузнавач Звонко Костовски со Обвинителството на Зврлевски во случајот „Пуч“ и пет месеци откако Специјалното јавно обвинителство го поднесе. Со барањето, највисокиот суд треба да испита дали спогодувањето за признавање на делото било според законот.
По средбата со Зврлевски, прва од трите, новинарите го запрашаа Вангеловски зошто предметот за Костовски, за кој СЈО до Врховниот суд поднесе барање за заштита на законитоста, пет месеци патува од кај Зврлевски до Врховниот суд.
– Прибавувањето на предмети не е во надлежност на Врховниот суд, туку на подносителот на Барањето – одговори претседателот на Врховен суд.
Средбата со Додевски беше оценета дека е во насока на подобрување на позицијата на адвокатурата во правосудниот систем.
На средбата, како што посочија, биле наведени проблемите на адвокатите и правните застапници, а за конкретни случаи и предмети не разговарале.
Вангеловски истакна дека за време на разговорот констатирале дека Врховниот суд може многу да помогне во решавањето на проблемите со кои го запознале од Адвокатската комора на денешната средба“.
Извор: Нова Македонија