Одложена затворската казна на Јанкулоска до јули
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, добила одложување на извршувањето на четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО. Судот информира дека судија за извршување санкции ѝ одобрил одложување на санкцијата до 1 јули 2019 година.
„Што се однесува до пресудата на Апелациониот суд, со која делумно се уважува жалбата на Г.Ј. на начин што се преиначува само во делот на казната, таа веднаш е распоредена кај судија за извршување санкции, кој постапувајќи по барање на обвинетата, донесе решение со кое се одобрува одложување на извршувањето на санкцијата до 1 јули 2019 година поради чување дете“.
Апелациониот суд во Скопје делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од четири години.
Судијката Добрила Кацарска ја осуди поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ во одвоената постапка за случајот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство.
Извор: Макфакс