Одложени продолженијата на собраниските седници закажани за денеска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Собранието на Република Македонија ги одложи за денеска закажаните продолженија на пет седници. Одложени се единаесетата, дванаесетата, тринаесеттата, петнаесеттата и дваесет и втората седница. Единствено засега за утре е префрлена дваесет и втората седница, на која на дневен ред се реформските закони од правосудството.
Информација за тоа зошто се одложени седниците засега нема. Голем дел од заостанатите точки на четирите седници се или предлози на опозицијата или се очекува и нејзин предлог, како што е онаа за потпретседатели на Собранието.
За утре во Собранието се закажани седница за пратенички прашања, продолжение на 22. седница, како и седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Извор: Нова Македонија