Правдико

   

Одложенo повтореното судење за убиството на охриѓанецот Матилоски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повтореното судење за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски што требаше да почне денеска пред Основиот суд во Охрид е одложено за 6 јули оваа година.

Причина за одложувањето на процесот против обвинетиот Бојан Угреновиќ (30) од Р.Србија за убиството што се случи на дочекот на Новата 2016-та година во центарот на Охрид, е поради тоа што обвинетиот не беше доведен на денешното рочиште, а со појаснување од судскиот совет дека тоа е заради преангажираност на службените лица и возилата поради судењето на обвинетите во процесот за случувањата во „Диво насеље“ во Куманово.

Инаку, првото судење за убиството пред кафе барот „Табана“ во Охрид на 1 јануари 2016 година заврши на 20 декември минатата година кога Основниот суд во Охрид го прогласи обвинетиот за виновен изрекувајќи му единствена затворска казна во времетраење од 16 години.

Таа пресуда беше обжалена од одбраната на Угреновиќ пред Апелацискиот суд во Битола кој поради забелешки го врати случајот на повторно судење.

Обвинетиот уште пред изрекувањето на пресудата во првото судење ја призна вината, изразувајќи каење за стореното дело и жалење за последиците, додека оштетените во случајот, роднините на убиениот Матилоски, од Судот бараа најстрога казна односно доживотен затвор.

Сестрата на убиениот Цветанка Матилоска – Пешиќ денеска изјави дека за нив и 16-годишна затворска казна за нив е преблага, со очекување Судот да ја повтори пресудата и повторно да му изрече соодветна казна на обвинетиот.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико