Правдико

   

Одложено првото рочиште за убиството на Пино, обвинетата се појави во судницата

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кривичниот суд утрово беше одложено судењето за убиениот Пино Секондо поради тоа што адвокатот на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара време за увид во доказите за што, како што рече, наместо 8 дена од приемот на поканата, поминале 4 дена.

Обвинителката Лидија Раичевиќ рече дека не може одбраната да се подготвува 4 дена пред воведните говори.

„Секое одлагање на секое судење е штета и трошоци за буџетот и содзава лош впечаток кој никому не му оди во корист, а најмалку на обвинетата“, рече Раичевиќ.

Кога судијката Ленка Давиткова го одложи судењето, мајката на Пино, Маја Трпковска, заедно со свештено лице, демонстративно ја напушти судницата. Следното рочиште е закажано на 27 ноември.

Убиството се случило на 11 декември 2018 година. Кобната вечер обвинетата Ангела го намамила Пино да дојде кај насипот во населбата Ѓорче Петров.

Кога пристигнал, таму бил веќе дојден осомничениот за убиството, Али Фуркан, кој носел пушка. Фуркан го оставил возилото „опел аскона“ и со „шкодата“ на Пино се упатиле преку обиколницата до Арачиново.

Таму застанале во една нива и првин се карале по што почнала тепачка, а во еден момент Фуркан со пушката го застрелал Пино во главата.

Мајката на Пино Секондо, Маја Трпковска, со месеци трагаше по синот, а скелетот беше случајно пронајден на крајот на април годинава. Осомничениот Фуркан е во бегство.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико