Одложено рочиштето за „Маѓар телеком“, на обвинетите ќе им се суди во отсуство | Правдико

Правдико

   

Одложено рочиштето за „Маѓар телеком“, на обвинетите ќе им се суди во отсуство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска повторно се одложи рочиштето за случајот „Маѓар телеком“, во кој обвинети се тројцата поранешни директори на „Македонски телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус. Како што известија од судот, на минатото рочиште била донесена одлука на обвинетите да им се суди во отсуство.

IMAG0239-860x680

Адвокатот Ненад Јаниќевиќ рече дека добил полномошно од првообвинетиот Атила Сендреи да го застапува на судењето, поради што побара одложување на денешното рочиште за да може да изврши увид во списите од предметот.

Станува збор за случај за кој е почната истрага во 2008 година, а обвинение е поведено во 2011 година.

На тројцата обвинети им се суди за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Овој предмет, како што појасни судот, не е поврзан со случајот „Маѓар телеком“ и сведочењето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, што Специјалното јавно обвинителство го бара, а Советот на јавни обвинители не ѝ го дава на Катица Јанева.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико