Одложено рочиштето за прегазениот велосипедист поради болест на судијката | Правдико

Правдико

   

Одложено рочиштето за прегазениот велосипедист поради болест на судијката

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По осми  пат е  одложено  рочиштето  за 13 – годишното момче кое пред две години беше прегазено на точак на булеварот „Илинденска“.

Поради болест на судијката судењето се одлага по трет пат. Детето беше прегазено од инспекторка вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, а целиот случај  една година е заглавен во судски рочишта.

Досега беа направени четири вештачења, две по барање на родителите, едно од обвинетата и едно вештачење по службена должност. Случајот предизвика протести на велосипедисти поради што се ограничи брзината на возење во градски средини на 50 километри на час.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико