Одложено рочиштето за случајот „Тендери“ во кој обвинета е Канческа-Милевска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Одложено е рочиштето за случајот „Тендери“ на СЈО, кое денеска требаше да се одржи во кривичниот суд во Скопје.
Одложувањето е поради службено отсуство на претседателот на Советот, Осман Шабани. Следното рочиште е закажано за наредниот петок, 9 ноември, кога ќе сведочат Томе Божинов и Саша Бошев.
Во случајот „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.
Виктор Јованов
Извор: Макфакс