Правдико

   

Одложено рочиштето за „Титаник 3“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денешното рочиште за предметот „Титаник 3“, кој го води СЈО, е одложено, бидејќи обвинетиот пратеник Ејуп Алими морал да присуствува на пратеничка координација кај претседателот на Собранието. Со барањето за одложување, до Судот било доставено и известување потпишано од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал. Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико