Одложено рочиштето за „Тврдина 2“, судијката на боледување | Правдико

Правдико

   

Одложено рочиштето за „Тврдина 2“, судијката на боледување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради отсуство на судијката Лидија Петровска која е на боледување се одложи денешното рочиште за предметот Тврдина 2. Во судот не се присутни ниту првообвинетиот Горан Грујевски како и шесте службенички од УБК и МВР, пренесува Телевизија 24.

Одбраната побарала увид во предметот минатата недела и во меѓувреме биле известени дека судијката е отсутна и поради тоа никој од обвинетите не дошол во суд.

Специјалното јавно обвинителство го информираше Судот дека добиле одговор од Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во однос на барањето за декласификација на докази при што Министерот издал две решенија со кои се декласифицираат поголем број на докази.

Негативно е одговорено на барањето за декласификација на деловодните книги на УБК. Обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска потенцираше дека УБК одбива да ја прими поштата на СЈО и одговорот на барањето на СЈО до УБК е доставен од Министерот за внатрешни работи.

Обвинетите се товарат за уништување документација поврзана со системите од незаконското прислушување. Ново рочиште е закажано за на 5-ти мај.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико