Одложено рочиштето за „Тврдина 2“ | Правдико

Правдико

   

Одложено рочиштето за „Тврдина 2“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денешната расправа во Кривичниот суд за случајот „Тврдина 2“ се одложи за 26 септември. Причината за одложувањето е бидејќи првообвинетиот Горан Грујовски има нов адвокат, кој побара време за запознавање со обвинението.

Во случајот „Тврдина 2“ Специјалното јавно обвинителство го товари поранешниот началник на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски како првообвинет и уште шест службенички од управата. На денешната расправа требаше да бидат сослушани четворица сведоци предложени од СЈО.

На минатото рочиште, судечката судијка Лидија Петровска ги прифати доказите на СЈО. Адвокатите на обвинетите реагираа на одлуката на Петровска, но таа ги одби со образложение дека кога ќе има пресуда, ќе можат да се жалат до повисоките судови.

СЈО Грујоски го сомничи за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, како што претходно информираше СЈО во случајот „Тврдина“, исто така биле уништени во текот на 2014 година.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико