Одложено сослушувањето за екстрадицијата на Пуџдемон
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот во Белгија го одложи сослушувањето за екстрадицијата на поранешниот претседател на каталонската влада, Карлес Пуџдемон, во Шпанија, објави неговиот адвокат и додаде дека конечното рочиште за распишаната потерница по него е одложено и ќе се одржи на 16 декември, пренесува „Спутник“.
Пуџдемон живее во егзил во Брисел бидејќи мораше да ја напушти Шпанија непосредно по референдумот за независност на Каталонија што се одржа во октомври 2017 година. Мадрид го нарече гласањето нелегално и го распушти каталонскиот парламент наметнувајќи директно владеење на регионот.
Претходно овој месец Мадрид осуди неколкумина каталонски политичари на подолги затворски казни за нивната улога на референдумот, што предизвика масовни и насилни протести на приврзаниците и противниците на отцепувањето на Каталонија од кралството.
Масовните собири ескалираа во насилни судири со стотици повредени, а околу 200 лица беа притворени.
Извор: Макфакс