Одложено судењето на осомничениот за нападите во Париз | Правдико

Правдико

   

Одложено судењето на осомничениот за нападите во Париз

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето во Белгија на еден од осомничените за нападите на Исламска држава изведени во Париз 2015 година е одложено за 5 февруари.

Салах Абдеслам, Француз кој живеел и пораснал во Брисел, се вратил во Белгија по нападите во Париз од 13 ноември 2015 година, во кои загинаа 130 лица. Тој со месеци се криеше од полицијата, пред да биде уапсен. Четири дена по неговото апсење, на 18 март 2016 година Брисел беше погоден од терористички напад.

На Абдеслам му се суди во Белгија за наводна вмешаност во вооружена пресметка со полицијата во бриселската општина Форест, три дена пред апсењето, во близина на неговиот семеен дом.

Абдеслам, чие судење требаше да се одржи денеска, доби нов адвокат, кој побара повеќе време за да се подготви за случајот.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико