Одложено судењето на Павле Богоевски за 30 јануари | Правдико

Правдико

   

Одложено судењето на Павле Богоевски за 30 јануари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pavle-bogoevski-696x387Се одложи третото судско рочиште против кандидатот за пратеник на СДСМ, Павле Богоевски, кој се товари дека ја уништувал фасадата на министерството за култура при протестите на „шарената револуција“.

Неговиот адвокат, Сашо Дуковски, од личини причини не можел да присуствува на рочиштето, што беше и причина за одлагањето.

На покана на судот, во среда, за првпат се појави и претставник од државното правобранителство, а се појави и претставник од Министерството за култура кој треба да се произнесе за настанатата штета.

Богоевски се товари за нанесување штета на фасадата на Министерството за култура за време на протестите од шарената револуција.

Претходното рочиште се одложи на барање на одбраната, за да го разгледа вештачењето за штетата. Судскиот процес против Богоевски ќе продолжи на 30-ти јануари следната година.

Избор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико