Одложено судењето на Верушевски за пиштолите | Правдико

Правдико

   

Одложено судењето на Верушевски за пиштолите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето на Зоран Верушевски, поранешен директор на УБК, за недозволено држење оружје и распрскувачки материјали беше одложено поради отсуство на адвокатите. Адвокатот Ангеле Илиевски имал друго судење, а адвокатот Филип Медарски, е отсутен поради здравствени причини.

C7A271B444C4184699BA52673ABB4F25

Обвинението за Верушевски беше покренато кон крајот на март. Како што соопшти тогаш МВР, при претрес на неговиот дом, биле пронајдени два пиштола за кои, МВР вели не поседувал дозвола.

Адвокатот на Верушевски, Ангеле Илиевски, пак, изјави дека едниот пиштол неговиот клиент го добил во 1983 година, додека вршел службена должност и е регистриран во евиденцијата на МВР и за него не е потребно да се има дозвола. И вториот пиштол бил регистриран, а Верушевски го добил како награда во 1997 година, од тогашниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико