Одложено судењето за членовите на „Левица“ | Правдико

Правдико

   

Одложено судењето за членовите на „Левица“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sudenjeОдложено судењето на членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети за учество во толпа што ќе стори кривично дело за протестите по аболицијата што ја објави претседателот Ѓорге Иванов.

Судот очекува податоци од МВР за прекршочните постапки кои се водат за истото дело. За ова дело има уште 11 прекршочни постапки против лица за кои треба да се утврди дали учествувале во предизвикувањето на штетата на Народната канцеларија на Претседателот на РМ.

Од страна на Јавното правобранителство штетата беше проценета на 522 илјади денари. Судењето е презакажано за 18 октомври.

Во изјава за новинарите пред Кривичниот суд, Савески истакна дека, иако пасошите им се вратени, сѐ уште не им е тргната забраната за напуштање на државата.

Според него, тоа претставува изживување на полицијата врз борците за слобода.

Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико