Одложено судењето за инцидентите пред општина Центар | Правдико

Правдико

   

Одложено судењето за инцидентите пред општина Центар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денешното рочиште за насилните инциденти пред општина Центар е одложено, бидејќи дел од обвинетите не присуствувале. Обвинителите на Специјалното јавно обвинителство изјавија дека не се знаат причините за отсуството на дел од обвинетите. Рочиштето е одложено за крајот на јуни. На денешната расправа не беа присутни пет од обвинетите лица.

Обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО од судот побара сите обвинети кои нема да го оправдаат отсуството да бидат приведени. На ова се спротистави адвокатот на обвинетите кој кажа дека некои од отсутните имале најава за отсуство, додека кај останатите, исто така, може да постои оправдана здравствена причина за отсуство.

Судот констатира дека четворица од отсутните обвинети за прв пат не се јавиле на главна расправа и ја задолжи нивната одбрана во рок од осум дена да достави оправдување за нивното отсуство, додека судот издаде наредба за присилно доведување на следната главна расправа за едно лице кое по втор пат е отсутно.

На рочиштето беше присутен и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски кој требаше денеска да сведочи за настаните.

– Храбар и силен позади телефонот, уплашен и кукавица пред судот. Поранешниот претседател на Владата и претседател на најголемата опозициона партија повторно побегна од правдата, сето тоа го прави затоа што се крие зад партизираното судство. Но верувам дека ова се последните мигови на партизираното судство. Ова судење е доказ дека не е вистина тоа што во јавноста кажува дека никогаш не повикал на насилство. Сепак, се надевам дека правдата ќе победи и дека тој и сите кои му помагаат во овие злодела ќе бидат осудени, затоа што без санкционирање на ова злодело не можеме да се надеваме дека ќе излеземе од кризата во која се наоѓа Македонија – изјави Жерновски.

Тој додаде дека верува дека ќе бидат осудени тие кои вршат насилства.

– Затоа што 10 години се наоѓаме под терор кој е организиран и кој што го спроведува Никола Груевски и неговите соработници – рече Жерновски пред Кривичниот суд.

Во овој предмет, обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова. Според обвинението, Груевски во случајот е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска беше отсутна поради службено патување во странство, но обвинителите од СЈО информираа дека на наредното рочиште ќе присуствуваа Фетаи.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико