Правдико

   

Одложено судењето за „Маѓар Телеком“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денешната главна расправа за случајот „Маѓар телеком“ се одложи за 17 октомври бидејќи не се појави претставникот на „Камени мост комуникации“, кој беше повикан како сведок во постапката.

Во случајот за злоупотреба на службената положба се обвинети Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, поранешни раководни лица во компанијата, кои шест години се недостапни за органите на прогонот.

На денешното рочиште присуствуваше и унгарскиот конзул во Македонија Талпаш Золтан.

Адвокатот на одбраната Ненад Јанаќиевиќ изјави дека судот доставил достава до погрешен човек, а не до обвинетиот Атила Сендреи, кој тој го застапува пред судот.

Првото рочиште за овој случај се одржа во 2011 година и до крајот на 2014 година биле закажани вкупно осум рочишта кои биле одложени бидејќи обвинетите не биле присутни или не било добиено известување дали се уредно повикани на рочиште.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико