Одложено судењето за насилството во Центар, нема камери за снимање
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судењето за предметот на „Насилство во Центар“, во кое осомничен е експремиерот Никола Груевски, е одложено за 27 ноември бидејќи во судницата немало камери за снимање на судскиот процес.
За денеска во 11.3о часот, освен „Насилство во Центар“, беше закажано рочиште и за предметот во кој дедото на малата Тамара од Велес е обвинет за обид за убиство врз ексминистерот за здравство, Никола Тодоров, па судијката Сафије Лаличиќ, која се споменуваше во бомбите, ги зела камерите за вториот случај и судењето против Груевски не можеше да започне.
И за време на минатото рочиште адвокатите на експремиерот и другите обвинети побараа да биде одложена главната расправа поради недостиг од камери за тонско и визуелно снимање на судењето.
Во овој предмет обвинети се 14 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.
В. Маглешов
Извор: Макфакс