Одложено судењето за организаторите на крвавиот четврток | Правдико

Правдико

   

Одложено судењето за организаторите на крвавиот четврток

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, што требаше да се одржи денеска, е одложено за 5 март, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.

„Поради интерес на медиумите и невладините организации што ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април 2017 година, а кои се случија во Собранието на РСМ, ја информираме јавноста дека денешната расправа се одлага со оглед дека е насрочена расправа за предметот К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај селото Ласкарци, каде што постапува ист судија – член на судечкиот совет“, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на судот.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико