Одложено судењето за случајот „Јустиција“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поради болест на три дактилографки денеска се одложи закажаното судење за случајот „Јустиција“. Во судскиот процес за предметот „Јустиција“, се осомничени судии од одделот за прекршоци, бидејќи наводно намерно чувале предмети во фиока до нивно застарување.
Поднесено е обвинение против тринаесет лица, од кои четворица судии и девет судски службеници, за кривично дело несовесно работење во службата.
Во акцијата „Јустиција“ беа приведени и беа поднесени кривични пријави против 14 судии од одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 и против 11 судски службеници од истиот суд, осомничени за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според кривичната пријава, судиите и службениците со неизвршување на службената должност нанеле штета на буџетот од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал.
Извор: 24 Вести