Одложено судењето за „Топлик“ | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Одложено судењето за „Топлик“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судското рочиште за предметот „Топлик“ денеска беше одложено поради отсуство на двајца од обвинетите, ексминистерот Миле Јанакиески и Димитар Димовски кои не беа спроведени до кривичниот суд од полицијата.

Претседателот на Судечкиот совет, Осман Шабани рече дека судот до затворот во Шуто Оризари уредно доставил барање за спровод на Јанакиески и Димовски, но не знае од која причина тие денеска не се донесени во Судот.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот во предметот „Топлик“, Јанакиески како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и камата на правното лице „Сан сити“. Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико