Одложено рочиштето за „Шпион“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот суд го одложи рочиштето за новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“.
Судијката во предметот, Александра Крстиќ посочи дека иако судот доставил барање до Апелација да се достават сите доказни материјали поврзани со предметот, сѐ до почнување на денешното рочиште, Апелација не го направила тоа. Судијката Крстиќ рече дека токму поради ова, донела наредба Божиновски воопшто да не биде донесен во судот, бидејќи како што рече таа, нема услови за одржување на рочиштето.
Почетокот на судењето е одложен за крајот на септемви.
Новинарските здруженија и медиумски организации и активисти на мирен протест пред Кривичниот суд, изразија му поддршка на Зоран Божиновски. Тие побараа Божиновски да се брани од слобода, а случајот „Шпион“ да биде предаден на Специјалното јавно обвинителство.
Извор: Нова Македонија