Одлука за референдум во Каталонија до 15 октомври
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Регионалната Влада на Каталонија ќе одлучи до 15 октомври за одржување на референдум за независност од Шпанија
Првично беше планирано референдумот да се одржи на 9 ноември, но со одлука на Уставниот суд одлуката е запрена.
– Не можеме за тоа да одлучиме на 7 или 8 ноември, рече портпаролот на Владата на Каталонија Франсеск Хомс.
Регионалната Влада на Каталонија, меѓутоа, соопшти дека и натаму планира да одржи референдум, додека разгледува начини како да го убеди шпанскиот Уставен суд да ја укине времената забрана за гласање.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој се заложи пред два дена за дијалог со лидерите на Каталонија кои не се откажуваат од референдум за независност од Шпанија, наспроти противењето на Мадрид. МИА
Извор: Нова Македонија