Одлуката за генерален штрајк СОНК ја одложи за следната недела | Правдико

Правдико

   

Одлуката за генерален штрајк СОНК ја одложи за следната недела

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Донесувањето на одлука за организирање на генерален штрајк во СОНК се одлага за следната вонредна седница, која ќе се одржи во текот на наредната недела, а истото се прави со цел да се преземат сите легални и легитимни средства да се спречи донесувањето на најавените измени во законот за основно образование и законот за средно образование во делот на штрајкот, стои во писмените заклучоци кои СОНК ги лиферуваше доцна попладнево.

Советот со големо жалење и вчудоневиденост констатира дека овој потег е без преседан во синдикалното организирање и синдикалните слободи. 

Синдикатот бара од Владата веднаш да се прекине постапката за изменување на законите во спротивно ќе ги информира сите меѓународни организации.

На најавената наредна вонредна седница, СОНК ќе донесе и други мерки со цел да се спречи ваквиот невиден упад во слободата на синдикалните права на вработените во основното и средното.

Извор: 24 Вести

Партнери на Правдико