Правдико

   

Одлуката за преименување на аеродромот и автопатот стапи во сила

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Деветнаесет сообраќајни табли со сегашното име на автопатот „Александар Македонски“ ќе бидат заменети со табли со новото име „Пријателство“, откако со објавувањето во ЈП „Службен весник“ стапи во сила владината одлука за преименување на автопатот на Коридорот 10 и на аеродормот во Скопје.

– Јавното претпријатие за државни патишта ја доби одлука за преименување на автопатот „Александар Македонски“ и ќе пристапи кон нејзина реализација. Ќе бидат промени 19 табли, изјави за МИА директорот на ЈПДП Зоран Китанов.

Од ТАВ Македонија, концесионерот на македонските аеродроми, се уште нема конретни информации за преименувањето на аеродромот што ќе го носи името – Меѓународен аеродром Скопје, но како што изјавија неодамна го следат развојот на настаните и ќе постапат согласно инструкциите на владата. Дополнителни информации во однос на постапувањето по одлуката најавуваат во текот на денов.

Одлуката за преименување на автопатот и на аеродромот, што беше донесена на седница на Владата минатата недела, вчера беше објавена во ЈП „Службен весник“.

Промената на имињата на автопатот и на аеродромот, како што објави премиерот Зоран Заев по средбата во Давос со неговиот грчки колега Алкесис Ципрас, е во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција.

Сегашното име на автопатот „Александар Македонски“ се користи од јули 2008 година, а тоа име беше определено со одлука на претходната Влада.

Од декември 2006 година, пак, исто така со одлука на претходната Влада, скопскиот аеродром доби име „Александар Велики“.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико