Одлуката за разрешувањето на судијата Митриновски пред Судскиот совет | Правдико

Правдико

   

Одлуката за разрешувањето на судијата Митриновски пред Судскиот совет

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски – судијата на Апелациониот суд Скопје, по донесена пресуда на Европскиот суд за човекови права, во која е констатирана повреда на член 6, став 1 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи. Формирана е комисија за спроведување на постапката. Во текот на 2017 година комисијата закажа расправи што ги одложи по барање на Јордан Митриновски и неговите бранители.

Денешната расправа комисијата ја одржа во присуство на подносителот на барањето за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција, а во отсуство на судијата уредно повикан. Одлуката за разрешувањето на Митриновски би била морална сатисфакција со оглед на фактот дека судијата е во пензија. Митриновски тврдеше дека е разрешен од поранешниот министер за правда Михајло Маневски бидејќи ја пензионирал неговата сопруга Филимена.

В. М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико