„Одморот“ за грчките банки се продолжува до 13 јули | Правдико

Правдико

   

„Одморот“ за грчките банки се продолжува до 13 јули

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Одморот“ за банкарскиот сектор во Грција се продолжува до 13 јули, соопштија грчките електронски медиуми.

09072015112125_greece-bank1

Оваа одлука беше донесена синоќа од Министерството за финансии на Грција.

Дотогаш останува во сила ограничувањето – дневно од банкоматите да можат да се повлекуваат само 60 евра.

Новата одлука на министерството на пензионерите без банкарски картички им дава можност да повлекуваат од книшка уште по 120 евра
од своите пензии.

Невработените, кои добиваат соодветна помош, исто така ќе можат да повлекуваат 120 евра, како и пензинерите во странство.

Секој грчки државјани кој ќе патува во странство ќе може да изнесе само до 1.000 евра.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико