Одобрен обвинителниот акт против 29 лица обвинети за тероризам
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој постапуваше по оценка на обвинителен акт КО.бр. 120/15 подносен од Основното јавно обвинителство за гонење на организирана криминал и корупција против 29 лица за кривичните дела Терористичка организација и Тероризам, по одржана јавна седница за оценка на обвинителен акт на 7 декември 2015 година, донесе одлука со која обвинителниот акт се одобрува, а приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани.
Советот за оценка на обвинителен акт по детална анализа на наводите наведени во писмените приговори на обвинителниот акт, доставени до судот, како и наводите на обвинетите и нивните бранители дадени на јавно одржаната седница за оценка на обвинителен акт и ценејќи ги фактите врз кои се заснова актот, го одобри обвинителниот акт, а приговорите ги одби како неосновани.
Советот смета дека наводите во приговорите претставуваат одбрана на обвинетите, заради што цени дека е потребно да се одржи главна расправа на која во непосредна, контрадикторна постапка истите ќе имаат можност да ја изложат својата одбрана, па по проверка на сите релевантни докази судот да ја утврди фактичката состојба по кривично – правните настани наведени во овој кривичен предмет.
По распоредување на обвинителниот акт на надлежен судечки совет за постапување ќе биде закажан термин за одржување на главната расправа за што судот дополнително ќе ја извести јавноста.