Одобрена транзицијата во Белата куќа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 23 ноември го одобри почетокот на транзицијата кон тимот на избраниот претседател Џо Бајден, скоро три недели по изборите. Трамп рече дека се согласува со одлуката на федералната агенција да ја започне транзицијата. Претходно, Емили Марфи, шефот на малку познатата администрација за општи услуги ГСА, го извести Бајден дека официјално може да започне неговата транзиција пред инаугурацијата на 20 јануари. „Во најдобар интерес на нашата земја, препорачувам Емили и нејзиниот тим да сторат што треба да се направи во однос на првичните протоколи и му рекоа на мојот тим да го стори истото“, напиша Трамп на Твитер.
Потегот на ГСА значи дека тимот на Бајден конечно може да добие пристап до федералните агенции, да комуницира со службени лица и да пристапи до пари финансирани од даночни обврзници. Исто така, им овозможува на Бајден и избраната потпретседателка Камала Харис редовно да добиваат брифинзи за националната безбедност што ги добива и Трамп.
Одлуката доаѓа во моментот кога демократите и неколку републиканци извршија притисок врз администрацијата на Трамп во врска со одложувањето на транзицијата, што се закануваше да го попречи одговорот на нацијата кон пандемијата на коронавирусот и справувањето со заканите за националната безбедност.
Тимот на Бајден го поздрави долго одложуваното ослободување на владината помош за неговиот преоден тим, чекор за кој тој рече дека е клучен за „непречениот и мирен трансфер на власта“. „Администраторот на ГСА ги потврди избраниот претседател Џо Бајден и избраната потпретседателка Камала Харис за очигледни победници на изборите, обезбедувајќи и на новата администрација ресурси и поддршка неопходни за извршување на непречен и мирен трансфер на власта“, изјави Бајден.
Извор: Радио Слободна Европа