Одобрено обвинението за „Титаник“ | Правдико

Правдико

   

Одобрено обвинението за „Титаник“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителниот акт на СЈО за предметот „Титаник“ денеска е одобрен од Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1.

Од Кривичниот суд соопштија дека по одобрениот обвинителен акт формиран е кривичен предмет со КОК бр. 7/18, кој со електронскиот систем АКМИС e распределен на понатамошно постапување, а откако ќе биде закажана главната расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Предметот „Титаник“ е прв случај што го обелодени СЈО, а се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Обвинети се поранешни функционери меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико