Правдико

   

Одреден притвор за 5 лица кои беа уапсени во рамки на операцијата “Мрежа“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Постапувајќи пои предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1 – Скопје пред судија на претходна постапка беа изведени 5 лица осомничени за кривичното дело Неовластено производтство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 ст.3 вв ст.1 од КЗ кои во присуство на јавен обвинител и нивниот правен застапник се произнесоа во врска со предлогот на обвинителството.

По ценење на фактите и доказите приложени во предлогот и сослушување на осомничените, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителството и на лицата:

С.Р., М.З., З.С., М.М., Д.М., поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП, односно опасност да се даде во бегство, околности кои укажуваат дека може да ја попречуват кривичната постапка и страв да не го повторат кривичното дело, им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Против решенијата на судија на претходна постапка, странките имаат право на жалба.

Партнери на Правдико